Зелка салата со кисело млеко

Зелка салата со кисело млеко

Освежувачката салата можете да ја послужите како прилог или како лесна вечера.

Состоки:

  • 2 помали главици зелка
  • 1 главица кромид
  • 1 лажичка шеќер
  • 1/2 лажичка сол
  • црн бибер
  • 120 мл млеко
  • 4 лажици мајонез
  • 1 чаша матеница
  • 1 лажица оцет
  • малку сок од лимон
  • 1 морков
  • магдонос

Начин на подготовка:

  1. Исечкајте ја зелката и измешајте ја со кромид и рендан морков.
  2. Подгответе друга чинија и во неа ставете шеќер, сол, бибер, млеко, мајонез, оцет, матеница. Мешајте додека не се соединат сите состојки.
  3. Мешавината соединете ја со сечкана зелка и кромид и изладете еден час.
  4. Украсете со магдонос и послужете.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

Англиски погачици со чедар – ќе ги правите во секоја прилика

Полнети тиквички по најдобар рецепт

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко