Супа од краставици

Супа од краставици

Освежувачка супа – идеална увертира за главното јадење.

Состојки:

  • 800 гр краставици
  • 300 гр компири
  • 1 главица кромид
  • 2 лажици масло
  • 1 л супа (инстант)
  • 125 мл слатка павлака
  • сол
  • бибер
  • зачин

Начин на подготовка:

  1. Излупете ги краставиците (оставете само едно мало парче за подоцна), пресечете ги на половина, излдабете ги семките со лажичка и исечете ги на коцки. Компирите излупете ги и исечкајте ги на коцки, а 100 гр оставете цели за подоцна. Исечкајте и кромид.
  2. Загрејте 1 лажица масло во големо тенџере. Додајте коцки краставици, кромид и компири. Продинстајте, налејте супа и гответе 10 минути.
  3. Сочуваното парче компир исечкајте го и пропржете го на 1 лажица масло, да стане румено. Исечкајте ја и неизлупената краставица.
  4. Супата испасирајте ја во блендер или со миксер, измшајте слатка павлака, посолете и побиберете по вкус.

Добар апетит!

Повеќе Готви.мк рецепти:

Салата со маслинки и кубети

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула

singlepost_text