Плескавици со сос од пиво

Плескавици со сос од пиво

Прелијте ги сочните плескавици со сос од пиво и уживајте во фантастичниот вкус…

Состојки:

  • 2 главици кромид
  • 1 чешне лук
  • 1/2 лута пиперка
  • магдонос
  • 500 гр мелено јунешко месо
  • 1 јајце
  • 2 лажици презла
  • сол
  • бибер
  • 2 лажици масло
  • 2 сечкани главици црвен кромид
  • 100 мл темно пиво
  • 150 мл јунешка супа (од коцка)

Начин на подготовка:

  1. Исечкајте ги кромидот и лукот. Исечкајте ја пиперката ситно. Магдоносот исто така исечкајте го.
  2. Измешајте го месото со сечканиот кромид и лук, магдонос и пиперка, потоа додајте јајце, презла, сол и бибер. Од масата со навлажнети раце направете плескавици.
  3. Загрејте масло во тава и испржете ги плескавиците од двете страни. Извадете ги пржените плескавици и оставете ги на топло.
  4. Црвениот кромид ситно исечкајте го и пропржете го на маснотијата од пржените плескавици, прелијте со пиво и супа. Гответе на средна температура, посолете и побиберете. Сервирајте ги плескавиците прелиени со сосот од пиво.
  5. Како прилог послужете компир пире и динстан зеленчук.

Добар апетит!

Прочитај повеќе рецепти на Gotvi.mk:

Фантазија рецепт: Крањска со зеленчук

Градинарска пита – направете вкусен фамилијарен ручек за помалку 150 денари

Едноставен појадок кој сите ќе ги воодушеви

Рецепт за вистински пица деликатес

Летен појадок кој ќе го правите секој ден

Полнети печурки – лесен рецепт кој сите ќе ви го бараат

Палачинки за гурмани

Одлична комбинација: Таљатели со сланина, лук и босилек

Печена пица палачинка

Која е тајната за совршени лазањи?