Паста алфредо

Паста алфредо

Лесна, кремаста и многу вкусна паста.

Состојки:

  • 500 гр паста фетучини
  • 2 1/2 шолји павлака за готвење
  • 1/2 шолја сок од лимон
  • 8 лажици путер
  • 2 шолји пармезан
  • 2 лажички рендана кора од лимон
  • прстофат рендано оревче
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Тестенините ставете ги во врела посолена вода и гответе додека не омекнат, повремено мешајки, околу 4 минути. Потоа процедете ги.
  2. Измешајте во голема тава 2 шолји павлака за готвење и сок од лимон, додајте путер и мешајте на умерен оган додека путерот не се растопи. Мешајте повремено и гответе околу три минути. Тргнете ја тавата од оган.
  3. Додајте го сосот во зготвената паста и измешајте. Додајте ја останатата павлака и пармезан, а потоа и кората од лимон, оревчето, сол и бибер. Мешајте ја тестенината со сос на умерен оган додека сосот не згусне, околу 1 минута.

Добар апетит!

Повеќе ресепти на Готви.мк:

Брз појадок со туна салата

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути

Туна салата со фетучини

Туна салата

Брзо посно предјадење за целото семејство