БЕЛА КРАЛИЦА: Колач над колачите, незаборавен вкус!

БЕЛА КРАЛИЦА: Колач над колачите, незаборавен вкус!

Ново и свежо, а се прави толку едноставно…

Состојки за кора:

  • 300 гр шеќер
  • 1 лажица оцет
  • 2 лажици ванилин шеќер

Состојки за фил:

  • 6 жолчки
  • 250 гр шеќер
  • 1 ванилин шеќер
  • 1 пудинг од ванила
  • 6 лажици брашно
  • 5 дл млеко
  • 250 гр путер
  • 2 банани
  • 100 гр бело чоколадо

Состојки за декорација:

  • 200 гр шлаг
  • 2 дл кисела вода

Начин наподготовка:

  1. Разматете белки во цврст снег, а потоа додајте ванила и оцет, па постепено додавајте шеќер матејќи постојано. Тепсијата прекријте ја со хартија за печење, ставете ја во неа подготвената смеса и печете 60 минути во рерна загреана на 170 степени.
  2. Посебно соединете ги жоллчките, ванила, шеќер, 1 дл млеко, пудинг и брашно, па разматете со миксер.
  3. Останатото млеко ставете го да се готви додека не зоврие, па во него додајте ја смесата од жолчки. Продолжете со готвење мешајки цело време додека не згусне.
  4. Путерот пенасто разматете го, па соединете го со изладениот фил и измешајте. На крај додајте сечкани банани и рендано чоколадо, и полека измешајте.
  5. Печената и изладена кора премачкајте ја со подготвениот фил.
  6. Шлагот разматете го со кисела вода и распоредете го по филот.

Послужете и уживајте!

Повеќе рецепти на Готви.мк:

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед

singlepost_text