ДОМАШЕН ПОСЕН СУТЛИЈАШ: Гарантираме, нема да почувствувате разлика во вкусот!

ДОМАШЕН ПОСЕН СУТЛИЈАШ: Гарантираме, нема да почувствувате разлика во вкусот!

Сутлијашот е дефинитивно меѓу првите на листата омилени десерти на нашите простори.

Но, бидејќи се прави од ориз и млеко, луѓето кои постат го избегнуваат овој десерт. Поради тоа, испробавме една посна верзија и со задоволство ви ја пренесуваме!

Состојки:

  • 200 гр ориз
  • 200 мл соино млеко со вкус на ванила
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • шеќер по вкус

Начин на подготовка:

  1. Оризот згответе го, па измијте го и исцедете го. Додајте соино млеко и ставете сè заедно кратко да се готви. Додајте ванилин шеќер и засладете со кристал шеќер по вкус.
  2. Кога малку ќе се излади, ставете го сутлијашот во чинии за послужување, по желба додајте цимет.

Послужете и уживајте!

Повеќе на Готви.мк:

Кое е омиленото јадење на принцот Чарлс?

Добра идеја – Фотографирајте храна на Instagram и бесплатно јадете каде сакате

ФОТО: Ѕирнете во Eqvita – ресторанот за здрава храна на Новак Ѓоковиќ

ВИДЕО: Драјв маркет – погледнете како ќе изгледа маркетот на иднината

Прочитај Gotvi.mk рецепти:

Диетално: Домашни брускети со домати и маслиново масло (видео)

Диетален појадок што ќе ве држи сити

ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки

Супер брз и вкусен домашен сос за хамбургер или пилешко

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки

Кинеска кујна: Како да зготвите брокула со пилешко