ЧУДО ТОРТА ЗА ЧУДЕСНИ МОМЕНТИ: Неодолив спој на портокал и чоколадо!

ЧУДО ТОРТА ЗА ЧУДЕСНИ МОМЕНТИ: Неодолив спој на портокал и чоколадо!

Богатата кора со ореви, ароматизирана со лимон, одлично се сложува со слатко-киселкастиот фил од чоколадо и портокал…

Состојки:

  • 4 јајца
  • 300 гр шеќер
  • 100 гр мелени ореви
  • 200 гр брашно
  • рендана кора од 1 лимон
  • 1/2 кесичка прашок за пециво
  • 10 лажици вода

Состојки за фил:

  • 150 гр шеќер во прав
  • 150 гр путер
  • 3 лажици скроб
  • 3 реда чоколадо
  • сок од 2 портокали
  • 1/2 л млеко

Начин на подготовка:

  1. Со миксер разматете 4 жолчки, додајте шеќер и матете додека не добиете пенаста смеса. Додајте 10 лажици вода, една по една. Потоа намалете ја брзината, па постепено додавајте прво брашно измешано со прашок за пециво, мелени ореви и изрендана кора од лимон. На крај додајте 4 белки кои претходно сте ги разматиле во цврст снег. Калапот за торта намастете го со масло и посипете го со брашно, па ставете ја разматената смеса. Печете на умерена температура околу половина час.
  2. За филот прво подгответе скроб, така што 3 лажици ќе ги ставите во 1/2 л млеко и гответе додека не зоврие. Потоа додајте чоколадо, оставете да врие уште 2-3 минути, тргнете го од оган и оставете го целосно да се излади.
  3. Разматете пенасто путер со шеќер во прав. Полека додајте го зготвениот скроб, лажица по лажица.
  4. Испечената и изладена кора пресечете ја на поливина така што ќе добиете две кори. На чинија за торта ставете една кора, пропрскајте ја со сок од портокал и филувајте. Преку ставете ја другата кора, пропрскајте ја со сок од портокал, па филувајте од горе и од страна. На крај изрендајте чоколадо преку тортата.

Послужете и уживајте!

Повеќе на Готви.мк:

Леонардо ди Каприо – Еве која диета ви ја препорачува

Северина со нов спот, а ние ве потсетуваме која диета ја држеше кога беше бремена

Мајката на Јелена Крлеуша: Еве како конечно ја победив зависноста од храна!

Адријана Лима открива: Рецепт за утринско смути и совети за диета

Ким Кардашијан откри како ослабе 15 килограми за 2 месеци