Се врати студот во Македонија

Се врати студот во Македонија

Под влијание на влажна и постудена воздушна маса од север во поголемиот дел од земјава утрово е облачно, во западните и северните делови со повремени локални врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места со повремен снег. Врнежи од снег имаше и во места со 800 метри надморска висина и е формирана помала снежна покривка, што се движи од 1 сантиметар Тополчани, 2 Дебар и Претор, 3 Охрид, 6 Маврово, 9 Лазарополе до 11 Крушево.Утринава во југоисточните делови е умерено облачно со сончеви периоди. Дува умерен ветер од северен правец.

Утринската температура се движеше од -5 Крушево, -4 Маврово и Лазарополе, -1 Претор, Тетово, Пожаране, Тополчани и Ѓуриште, 0 Берово, Прилеп, Охрид, Дебар и Крива Паланка, 1 Куманово, 2 Штип, Виница и Струмица, 3 Скопје, 4 Демир Капија и Дојран до 6 Гевгелија.

Времето променливо облачно со сончеви периоди, претпладне во источните делови со локален дожд и снег. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Највисоката температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 5 до 13 степени.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Највисоката температура на воздухот ќе достигне до 10 степени.

Во наредните денови ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и со умерен северен ветер. И утре ќе има услови за слаб локален дожд, а на повисоките места и планините слаб снег. Во текот на наредната седмица утринските температури на места ќе бидат негативни и ќе се движат во интервалот од -3 до 4, а дневните од 7 до 15 степени.

Прочитај повеќе на Gotvi.mk:

Senigallia – Хотел, бар и ресторан кој стана уште едно обележје на Скопје

Дохранување на вашето бебе – Прочитајте искуство и совети од родители

Грижете се за здравјето на бебето: Еве што треба да јадат трудниците

ФОТО: Еве како ќе се вика петтото дете на Џејми Оливер

ФОТО: Џејми Оливер е татко за пример

Зошто се прават мекици и зошто мајките не се присутни?

Северина држи диета кога е бремена – Еве која

ВИДЕО: Кои се 10 најважни намирници за бебињата

Преслатко: Реакција на бебиња кога за прв пат пробуваат сладолед (видео)

Оставете ги децата да си играат во трева – Има евтин рецепт кој ги вади флеките

ВИДЕО: Вистинска „магија“ со која ќе ги воодушевите децата – ви треба лубеница

singlepost_text