Ќофте со спанаќ и печурки

Ќофте со спанаќ и печурки

Иако изгледа комплицирано, се прави многу брзо и лесно!

Состојки:

  • 1 бајата кифла
  • 1 главица кромид
  • 500 гр мелено месо
  • 1 јајце
  • сол
  • бибер
  • 1 лажица масло
  • 400 гр шампињони
  • 200 гр спанаќ
  • малку мајчина душица

Начин на подготовка:

  1. Омекнете ја кифлата. Исечкајте кромид, па добро измешајте го со месото јајцето, малку сол и бибер. Направете 12 ќофтиња и пропржете ги на масло од сите страни, додека не поруменат.
  2. Измијте ги печурките и исечкајте ги на половина или четвртини. Кратко пропржете ги на маснотијата од месото. Додајте спанаќ, сол и мајчина душица и продинстајте. Долијте вода и кога ќе зоврие ставете ги ќофтињата. Оставете да крчкаат заедно 10 минути.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Ќофтиња во доматен сос

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

Домашни ќофтиња

Ќофтиња од тиквица

ВИДЕО: Како да приготвите палачинки од компири

Најдобар рецепт за домашно ќофте