ПИЛЕШКА ПИТА: Сочно и топло јадење за цело семејство!

ПИЛЕШКА ПИТА: Сочно и топло јадење за цело семејство!

Пилешко во тесто. Топло и сочно јадење за цело семејство!

Необичниот ручек во вид на пита ќе направи вашиот дом да замириса, а домашните да се чувствуваат пријатно и убаво.

Состојки:

  • 3 батаци со карабатаци
  • 200 гр брашно
  • 2 јајца
  • 400 мл млеко
  • 100 мл слатка павлака
  • сол
  • пипер
  • масло

Начин на подготовка:

  1. Одвојте ги батаците и карабатаците, посолете, па во тава пропржете го месото, прво на посилен, а потоа на среден оган. Гответе го месото околу 15 минути поклопено, но да има од каде да излегува пареата.
  2. Додавајте малку вода, за месото да не почне да се лепи за дното.
  3. Брашното разматете го со јајца и малку млеко, со вилушка, да се добие глатко густо тесто. Додавајте млеко и мешајте постојано. Тестото ќе биде како тесто за палачинки. Додајте лажичка сол и малку пипер и други зачини ако сакате.
  4. Во четвртаст плех ставете две лажици масло, разлејте, ставете во рерна маслото да загрее. На врелото масло ставете го тестото, па наредете го месото.
  5. Печете околу 30 минути на 180-200 степени, па извадете.
  6. Прелијте со слатка павлака со малку сол па вратете го уште десетина минути во рерна.

Послужете топло!

Повеќе на Готви.мк:

Градинарска пита – направете вкусен фамилијарен ручек за помалку 150 денари

Едноставен појадок кој сите ќе ги воодушеви

Рецепт за вистински пица деликатес

Полнети печурки – лесен рецепт кој сите ќе ви го бараат

Палачинки за гурмани

Одлична комбинација: Таљатели со сланина, л

singlepost_text