КАКО ДА СЕ ХРАНИТЕ ЗДРАВО: Скинете килограми без гладување!

КАКО ДА СЕ ХРАНИТЕ ЗДРАВО: Скинете килограми без гладување!

Вистинско време е да ја доведете својата линија во ред и да се решите од вишокот килограми. Тоа не мора да биде тешко како што се чини.

Ви донесуваме неколку трикови како здраво да се храните:

Вода

Кога сте жедни, а и кога не сте – пијте вода. Соковите (не мислиме на оние свежо цедени) содржат шеќер, ароми и конзерванси. Ништо од тоа не му треба на вашето тело. Водата му е сосема доволна: Не чекајте да ожедните за да се напиете чаша вода, туку тоа направете го секогаш кога ќе се сетите.

Вооружете се со јаткасти плодови

Направете микс по желба и секаде со себе носете јаткасти плодови. Внатре можете да додадете и суво грозје, кое ќе ви ја задоволи желбата за слатко и ќе ви даде енергија. Кога ќе ве фати глад, грицкајте бадеми, ореви, лешници, наместо да влезете во првата пекара.

Пуканки

Наместо чипс јадете пуканки. Имаат многу помалку калории и се здрава намирница.

Паметно комбинирајте намирници

Не јадете заедно јаглехидрати и протеини бидејќи различно се разградуваат во телото. Во пракса тоа значи дека во еден оброк на чинијата ќе имате месо и салата, а во друг ориз и салата. Секако ова е само едноставен пример како здраво да се храните.

Повеќе на Готви.мк:

10 „убијци“ на вишокот калории

Диетално: Домашни брускети со домати и маслиново масло (видео)

Диетален појадок што ќе ве држи сити

Рецепт за облоги од ѓумбир кои го топат салото на стомакот

ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки

Како да ослабете според хороскопскиот знак?