Подгответе вкусни пекарски кифли

Подгответе вкусни пекарски кифли

Кога еднаш ќе ги пробате, ќе ги правите постојано. Во прилог рецепт за вкусни пекарски кифли!

Состојки:

  • 1 кг брашно
  • 40 гр квасец
  • 1 лажичка шеќер
  • 2 лажички сол
  • 1/2 л млако млеко
  • 200 гр домашна маст
  • 2 јајца
  • 2 дл кисело млеко
  • крупна морска сол

Начин на подготовка:

  1. Разматете квасец во половина шолја топло млеко, додајте по лажичка шеќер и брашно и оставете да ја исполни шолјата. Од брашното, подготвениот квасец и сите наведени состојки замесете средно меко тесто, ако е потребно додајте уште малку брашно. Оставете да одмара 30 минути.
  2. Тестото поделете го на 36 топчиња, па секое развлечете го во облик на елипса и развлечете кифличка.
  3. Редете ги на плех обложен со хартија за печење, премачкајте со разматени јајца и посипете со крупна сол по желба. Нека одмараат уште 10-15 минути додека рерната не се загрее. Печете на 200 степени додека убаво не поруменат.
  4. Ќе добиете 36 убави, меки кифли кои можете да ги полнете со шунка, сирење…

Добар апетит!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Торта „Мрзлива домаќинка“ – смешно име, одличен вкус

Рафаело торта – рецепт кој сите ќе ви го бараат

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта

Црно бела торта