4 намирници за витко тело по прекорака на Скандинавките

4 намирници за витко тело по прекорака на Скандинавките

Доколку сакате да уживате во позитивните ефекти на оваа диета на менито ставете ги следниве намирници…

Истражувањата покажале дека таканаречената нордиска диета, позната како „New Nordic Diet“ дава изобилство од енергија, урамнотежен притисок и маснотии во крвта и помага при слабеење.

Ржан леб

Интегралниот ржан леб е побогат со влакна од белиот леб. Потребно е повеќе време да се свари, а тоа е голем плус за здравје и виткост – нема нагли „скокови“ на шеќер во крвта и долго останувате сити. Овој леб е богат со манган, минерал кој е важен за создавање енергија, нормална работа на штитната жлезда и цврстината на коските и забите.

Коренест зеленчкук

Коренестиот зеленчук како компир, цвекло, морков, дава долго чувство на ситост, благодарение на тоа што содржи здрава комбинација од влакна и јаглехидрати кои споро се варат.

Цвеклото е одличен избор и затоа што содржи пигмент беталаин кој ја дава карактеристичната боја, а воедно е и силен антиоксиданс кој помага во детоксикација на организмот. Уживајте во коренестиот зеленчук на различни вкусни начини, од сирови „стапчиња“ кои се послужуваат со сосови до салати и варива.

Масна риба

Не се плашете, станува збор за здрави масти кои ќе го развеселат вашето тело! Масната риба која е типична за северните мориња, на пример лосос, харинга и скуша, е меѓу најквалитетните извори на незаситени омега-3 масни киселини кои се потребни за здравје на срцето и мозокот. Овие видови риба се богати со протеини.

Масло од репка

Маслото од репка е достојна конкуренција за маслиновото масло затоа што е исклучително богато со незаситени омега-3 масни киселини. Ова масло има неутрален вкус и е одлично за пржење, поховање…

Повеќе вести на Gotvi.mk:

Брза диета според вашата градба на тело

Диета со која ќе се ослободите од дебелите бутови, широки колкови и салото на стомакот

Диета која се држи 7 дена со вашата омилена храна

Рецепт за облоги од ѓумбир кои го топат салото на стомакот

10 „убијци“ на вишокот калории

Ако појадувате ќе ослабете и ќе го забрзате метаболизмот – Еве како

Како да ослабете според хороскопскиот знак?

Хороскопските знаци и храната – што треба да јадете, а која храна да ја избегнувате

singlepost_text