Домашни солени крекери

Домашни солени крекери

Направете солени крекери и уживајте во домашни крцкави грицки!

Состојки:

  • 230 чедар сирење
  • 4 лажици путер
  • 1 шолја брашно
  • 3/4 лажичка сол
  • 2 лажици студена вода

Начин на подготовка:

  1. Загрејте ја рерната на 180 степени. Во голем сад измешајте ги сите состојки освен водата. Мешајте додека смесата не добие текстура како песок. Додајте вода, измешајте а потоа тестото извадете го од садот, замотајте во пластична фолија и ставете го во фрижидер да се лади на 30 минути.
  2. Извадете го тестото на работна површина, растегнете го со сукало, а потоа со помош на калап сечете облици по желба. Наш предлог е рибчиња, на кои потоа со чепкалка ќе им нацртате очи.
  3. Ставете ги крекерите во плех и печете ги 15 минути, или додека не поруменат и станат крцкави.

Повеќе на Готви.мк:

Градинарска пита – направете вкусен фамилијарен ручек за помалку 150 денари

Едноставен појадок кој сите ќе ги воодушеви

Рецепт за вистински пица деликатес

Полнети печурки – лесен рецепт кој сите ќе ви го бараат

Палачинки за гурмани