УХМР со лоши вести за времето

УХМР со лоши вести за времето

Времето во Македонија ќе биде облачно со врнежи од дожд, на планините од снег. Повеќе врнежи ќе има во западните и јужните делови каде на повеќе места се очекува да наврнат околу 20л/м2, а локално и над 30 л/м2. Во југоисточните делови ќе има услови за ретки грмежи. Ќе дува умерен ветер од североисточен правец.Утринската температура ќе се движи од два до девет, а дневната од четири до 12 степени.

Во Скопје облачно со врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од североисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до шест, а дневната ќе се искачи до 11 степени.

Помалку врнежи ќе има во четврток и петок, кога ќе дува повремено засилен северен ветер.

За време на викендот се очекува стабилизирање и затоплување на времето.

Повеќе на Gotvi.mk:

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути

Туна салата со фетучини

Туна салата

Брзо посно предјадење за целото семејство