Шеф Марк Де Јонг најави голем кулинарски настан годинава во Македонија

Шеф Марк Де Јонг најави голем кулинарски настан годинава во Македонија

Во органзација на EMKICE (Euro Macedonian Knowledge Innovation Center) и ММЦЦ (Macedonian Multiethnic Culinary Chefs) се одржа презентацијата на искуства и ЕУ проекти добиени изминатите години во Република Македонија и официјалното отпочна со работа EUFAA Акцелераторот и Академијата за ЕУ фондови и Грантови (eufundingaccelerator.mk).

Покрај анализата на добиените проекти и добиените средства до сега во Македонија од директните програми на Европската комисија, беа претставени и иновативни проекти во нивна почетна, тековна, напредна фаза, како и завршени проекти од неколку програми на Унијата. Беше претставена и првата платформа за поврзување во ЕУ (euconnected.net) која почнува со работа на 6 Март 2017 година.

Како втор дел од настанот беше и презентацијата на проектот Innovative Culinary Experience 2017, кој во Скопје ќе донесе светски познати готвачки имиња од рангот на Џејми Оливер од неколку континенти. Во текот на месец Октомври годинава во Скопје и Охрид тие ќе одржат едукативни работилници во соработка со компанијата “7 континенти” од Охрид која има интересна идеја и платформа од светски размери за која допрва ќе слушнеме.

Дел од имињата кои доаѓаат во рамките на овој Проект се Стефан Пјер, Нермин Хано, Цезар Гонзалес, Родриго Церда, а останатите засега ќе останат изненадување, вели Шеф Марк Де Јонг.

Повеќе информации за EUFAA-Акцелератор и Академија за ЕУ фондови (eufundingaccelerator.mk)

Акцелераторот и Академијата за ЕУ фондови-(EUFAA) е конципиран за поддршка на приватниот, јавниот, академскиот и невладиниот сектор во насока на едукација и помош при аплицирање за грантови средства од Унијата. Академијата има 4 домашни и 27 експерти од ЕУ кои имаат долгогодишно искуство и познавање во областа на ЕУ фондови и Euro-Macedonian Knowledge Innovation Center & ILUMINE EU Funds & ICT Education Center грантови од директните програми (Horizon 2020, COSME, Culture, MEDIA, Erasmus+, Creative Industries).

Поделена е во три семестри во годината соодветни на објавените повици од Европска комисија, а учесниците ќе бидат поделени во категории според видот на правното лице (S -стартап компании, SME – микро, мали и средни компани, L – Големи копании, P – Јавни установии државни агенции, A – Академски установи, N – Непрофитни и невладини организации и секако F – физички лица кои сакаат полесно да најдат работа во ЕУ, во земјата или регионот како менаџери на ЕУ фондови – EU Funding Manager).