Шпагети со лосос и спанаќ

Шпагети со лосос и спанаќ

Направете шпагети во фин сос од бело вино и павлака.

Состојки:

  • 500 гр спанаќ
  • 1 црвена пиперка
  • 2 чешниња лук
  • 1 главица кромид
  • 300 гр чаден лосос
  • 500 гр шпагети
  • 3 лажици путер
  • 250 мл бело вино
  • 100 гр кисела павлака
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Исчистете го и измијте го спанаќот. Исечекајте ја пиперката. Исечкајте го кромидот и лукот. Исечете го лососот на коцки. Згответе ги шпагетите според упатството на пакувањето.
  2. Загрејте путер и издинстајте кромид. Додајте лук, посолете и зачинете со чили. Додајте спанаќ и пиперка. Кога спанаќот ќе спласне, зачинете уште еднаш. По 3 минути налејте бело вино и крчкајте 2 минути. Измешајте кисела павлака и лосос, па оставете уште малку на оган.
  3. Процедете ги шпагетите и измешајте ги во преливот.

Добар апетит!

Повеќе рецепти на Готви.мк:

Рецепт за вистински пица деликатес

Летен појадок кој ќе го правите секој ден

Полнети печурки – лесен рецепт кој сите ќе ви го бараат

Палачинки за гурмани

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Крем чорба од тиква и компири

Деликатес во кујната: Компир на поинаков начин

Мусака со печурки

Мусака со карфиол и мисиркино месо

Мусака на ориентален начин

Повеќе рецепти со мелено месо

singlepost_text