Идеални за доручек или за ужина! Овие лепињи се прават брзо, а можете да ги послужите со кисело млеко и павлака.
Состојки:
- малку квасец
- малку прашок за пециво
- 50 мл вода
- 1 јогурт или кисело млеко
- 300-400 гр брашно
- 100 гр путер
- 1 лажица шеќер
- малку сол
- 200 гр фета сирење
- масло
Начин на подготовка:
- Квасецот потопете го во вода и додајте шеќер, па кога ќе се растопи додајте кисело млеко или јогурт, потоа половина од брашното, сол и малку прашок за пециво. Измешајте, па додајте го остатокот од брашно и со раце замесете тврдо тесто. Тестото покријте го и оставете го малку да одмори – 15 минути.
- Развлечете го тенко на половина см и премачкајте го со путер и свиткајте.
- Потоа исечете на должина 4-5 см, па со сукало развлечете на половина см во округли лепињи со големина на чинија.
- На половина на лепињите ставете сирење и преклопете со друга половина,
- Пржете ги во тава на малку масло. Вадете ги на хартиени салфети, па послужете.
Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет
Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди
Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути