ОД НАДВОР КРЦКАВИ, ОД ВНАТРЕ МЕКИ: Рецепт за највкусните домашни пржени лепчиња! (ВИДЕО)

ОД НАДВОР КРЦКАВИ, ОД ВНАТРЕ МЕКИ: Рецепт за највкусните домашни пржени лепчиња! (ВИДЕО)

Од надвор благо крцкави, од внатре меки и не впиваат многу масло… едноставно и лесно.

Одлични се за доручек или вечера, можете да ги послужите со јогурт, чај, павлака, сирење, ајвар… во слатка комбинација со џем и мед.

Состојки:

  • 1 векна леб
  • 6 јајца
  • 1 лажичка сол
  • масло за пржење

Начин на подготовка:

  1. Користете бел леб кој отстоил ден или два, водете сметка да не се распадне во сечењето. Купувајте поквалитетен леб ако сакате убави прженици.
  2. Разматете јајца со вилушка или жица за матење. Посолете и загрејте масло.
  3. Парчињата леб потопете ги во јајца, брзо вадете ги и пржете ги во загреано масло. Маслото загрејте го прво на силна температура, па намалете на средна. Ако маслото е премногу врело, пржениците ќе почнат да горат, а ако е премногу млако ќе впијат премногу масло.
  4. Готовите лепчиња ставете ги на хартиени салфети да се цедат и послужете ги веднаш, топли.

Повеќе вести на Готви.мк

Скапо ви е 20 денари за топче? Погледнете ја цената на овој сладолед

Урнебесно: Реакцијата на мало дете кое прв пат пробува сланина (видео)

ВИДЕО: Сладолед од кокос и боровница – неодолив домашен рецепт

Рецепт за брз и нискокалоричен сладолед со 3 состојки

ВИДЕО: Еве како да направите похован сладолед

Чиа пудинг

Брзо и освежително: Смути од шумски плодови

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

ВИДЕО: Рецепт за леб кој не се меси

ВИДЕО: Како да излупиме лук, јајце, банана и компир за 5 секунди?