Посно, сочно и богато јадење со спанаќ!

Посно, сочно и богато јадење со спанаќ!

Јадењата кои можеме да ги правиме за време на постите можат да бидат навистина вкусни! Во продолжение ви донесуваме рецепт за вкусна посна пита од спанаќ.

Состојки:

  • 1 пакување кори за пита
  • 400 гр спанаќ
  • 200 гр шампињони
  • 100 гр праз
  • масло
  • сол
  • 100 гр тофу сирење или посен кашкавал

Начин на подготовка:

  1. Зеленчукот измијте го, па на малку масло издинстајте ги празот, сечканите шампињони и спанаќот. Сè посолете и динстајте додека состојките малку не омекнат.
  2. На дно на намастен плех ставете две кори, малку згужвајте ги и пропрскајте ги со масло, потоа редете од филот од спанаќ, па кори (згужвани), потоа изрендајте тофу, па повторно ставете кори, фил од спанаќ, кори, сирење и така повторувајте додека не ги потрошите корите и филот.
  3. На последната кора изрендајте тофу сирење, намастете и печете на 200 степени додека питата не порумени.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

Градинарска пита – направете вкусен фамилијарен ручек за помалку 150 денари

Едноставен појадок кој сите ќе ги воодушеви

Рецепт за вистински пица деликатес

Полнети печурки – лесен рецепт кој сите ќе ви го бараат

Палачинки за гурмани

singlepost_text