СВЕТСКИ ХИТ: Колач без брашно и шеќер – навистина добар десерт!

СВЕТСКИ ХИТ: Колач без брашно и шеќер – навистина добар десерт!

Овој десерт се прави многу лесно, а рецептот доаѓа дури од Јужна Америка…

Состојки:

  • 4 јајца
  • 2 портокали
  • 200 гр ореви (може и бадеми, лешници или кокос)
  • половина лажичка сода бикарбона

Состојки за фил:

  • 100 гр црно чоколадо
  • 200 мл неутрална павлака за готвење

Начин на подготовка:

  1. Портокалите прво потопете ги во раствор од сода бикарбона и оставете ги да отстојат половина час. Потоа гответе ги околу половина час додека не омекнат. Сомелете ги добро во блендер, додајте јајца и јаткасти плодови (претходно сомелени) и малку сода бикарбона.
  2. Печете на 200 степени околу 20 минути.
  3. На рингла згответе неутрална павлака па во неа додајте чоколадо и оставете да се растопи. Прелијте го готовиот и изладен колач со овој фил.
  4. Разладете во фрижидер, послужете и уживајте!

Повеќе рецепти на Готви.мк:

Чоко палачинки со крем од ванила и јагоди

Рецепт за палачинки кои можете да ги јадете неограничено

За сите гурмани – Палачинки кватро салами

Посно: Палачинки без зејтин

Американски палачинки по врвен, а едноставен рецепт

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

Овошен колач со јагоди