Грчки ќебапи

Грчки ќебапи

Во срцето на овие пикантни ќебапи се крие вкусно сирење.

Состојки:

  • бајата кифла
  • 500 гр мелено месо
  • 1 главица кромид
  • 1 чешне лук
  • мајчина душица
  • 100 гр фета сирење
  • 1 јајце
  • 1 лажичка мелен ким
  • сол
  • бибер
  • 2 лажици маслиново масло

Начин на подготовка:

  1. Потопете ја кифлата во вода. Исечкајте кромид и лук. Исечкајте мајчина душица. Фета сирењето исечете го на осум стапчиња.
  2. Исцедете ја кифлата и изгмечете ја со мелено месо, јајце, лук, кромид, зачини и мајчина душица. Посолете и побиберете.
  3. Поделете го месото на осум топчиња. Свиткајте го секое парче сирење со месо така што ќе добиете големи ќебапи.
  4. Премачкајте ги со масло и печете ги на скара.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо