Пилешко месо со смокви

Пилешко месо со смокви

Брз и пикантен ручек.

Состојки:

  • 1 пиле (околу 1,25 кг)
  • магдонос
  • 1 чешне лук
  • 2 главици кромид
  • сол
  • 2 лажици путер
  • 2 лажици маслиново масло
  • 1/2 лажичка кари
  • цимет
  • бибер
  • 4 свежи смокви
  • 1 лажица мед

Начин на подготовка:

  1. Исечкајте ги магдоносот, кромидот и лукот.
  2. Исечете го пилето на 10 делови, измијте го, исушете го и посолете го. Во тенџере загрејте лажица путер со маслиново масло, па пржете го месото околу 5 минути. Додајте кромид и лук, магдонос, кратко пропржете и додајте кари. Додајте во јадењето стапче цимет, побиберете и налијте 250 мл вода. Крчкајте поклопено околу 30-40 минути, па тргнете го капакот и гответе уште 15 минути за сосот околу месото да стане густ. Посолете и побиберете.
  3. Смоквите измијте ги и исечете ги на четвртини. Загрејте го останатиот путер во тава, измешајте мед, па ставете ги и смоквите. Така карамелизирајте ги смоквите околу 8 минути. Сервирајте го пилешкото со сос и смокви.
  4. Послужете со багет леб.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Рецепт за леб кој не се меси

Тазе домашен леб

Полнет запечен леб

Домашниот леб на мајче Вера

Домашен леб со маслинки

Диетално: Домашни брускети со домати и маслиново масло (видео)