Оваа вест за времето нема да ви се допадне

Оваа вест за времето нема да ви се допадне

Времето претпладне ќе биде променливо облачно со сончеви периоди кои повеќе ќе бидат застапени во источните делови на земјава. Во текот на денот ќе има зголемување на облачноста, а околу пладне и попладне ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, но пообилни ќе бидат во западните делови на земјава каде се очекува да наврнат околу 16 литри на метар квадратен воден талог. Ќе дува умерен, а во западните делови на земјава и силен југоисточен ветер, во вечерните и ноќните часови ќе го промени правецот во северен.Утринската температура ќе се движи од два до осум степени, а дневната од 12 до 19 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен, а попладне од северозападен правец.

Утринската температура до пет степени, а дневната ќе достигне до 18 степени.

Во четврток врнежите ќе престанат, а температурата на воздухот ќе опадне за два до четири степени. Од петок попладне ветерот ќе го промени правецот во југоисточен и температурата на воздухот повторно ќе се покачува.

Повеќе на Готви.мк:

Оставете ги децата да си играат во трева – Има евтин рецепт кој ги вади флеките

Чини само 1 денар – Рецепт со кој ќе ги освежите боите на алиштата

Ви смрдат патиките? Еве кои лекови ги предлагаат читателите

Кулинарски трик – Употребете ја оваа намирница и маслото нема да ви загорува при пржење

Едноставен трик со кој ќе ги избркате мувите од вашиот двор и балкон

ВИДЕО: Рецепт за органска маска за длабинска нега на оштетена коса