ВРЕМЕНСКА: УХМР најави промена на времето

ВРЕМЕНСКА: УХМР најави промена на времето

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне особено во западните делови облачноста ќе се зголемува. Ќе дува слаб до умерен претежно јужен ветер.Утринската температура ќе се движи од минус еден до шест, а дневната од 11 до 19 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Утринската температура ќе се спушти до три, а дневната ќе се искачи до 18 степени.

Во среда од претпладне ќе дува повремено засилен јужен ветер поизразен во западните делови од земјата, а потоа од запад брзо ќе премине влажна и постудена воздушна маса, од која ќе има повремени врнежи од дожд понекаде и со умерен интензитет. Локално и особено на запад ќе наврнат околу 15 литри на квадратен метар. На високите планини врнежите ќе се од снег. Во попладневните часови ќе започне да дува северозападен ветер кој исто така повремено ќе засилува особено вдолж Повардарието. Дневната температура ќе опадне за 3 до 5 степени.

И во Скопскиот регион во среда најпрвин ќе дува повремено засилен јужен ветер, а од средината на денот ќе започнат врнежи од дожд повремено со умерен интензитет. Овие врнежи ќе завршуваат до крајот на денот, а попладне ќе започне да дува северен и постуден, повремено засилен северен ветер.

До крајот на работната недела ќе преовладува сончево време, а ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди, со благ пораст на дневните температури.

Повеќе на Готви.мк:

Направете природен освежувач за воздух – Потребни ви се само 2 работи

Флеки од мастило или тонер – Потребна ви е само 1 намирница и ќе ги извадите

БЕСПЛАТНО: Домашни средства за чистење флеки и перење на облека

Оставете ги децата да си играат во трева – Има евтин рецепт кој ги вади флеките

Чини само 1 денар – Рецепт со кој ќе ги освежите боите на алиштата

Ви смрдат патиките? Еве кои лекови ги предлагаат читателите