Ризи-бизи со бело вино

Ризи-бизи со бело вино

Разнобојните здрави состојки го прават ова јадење вистински украс на трпезата.

Состојки:

  • 1 морков
  • 1 главица кромид
  • 1 чешне лук
  • 80 гр путер
  • 200 гр ориз
  • 400 гр Пекабеско смрзнат грашок
  • 125 мл бело вино
  • 500 мл супа од зеленчук
  • 40 гр свежо рендан пармезан
  • сол
  • бибер
  • неколку листови маточина

Начин на подготовка:

  1. Морковот исчистете го, па ситно исечкајте го. Кромидот и лукот излупете ги, па ситно исечкајте ги.
  2. Половина путер загрејте во тава и продинстајте ги на него кромидот, лукот и оризот. Додајте одмрзнат грашок и моркови, па прелијте со бело вино. Оставете виното да испари.
  3. Додајте 1/3 од супата и почекајте да се зготви оризот. Направете го истото со остатокот од супата.
  4. Останатиот путер и пармезанот додајте ги во рижотото и измешајте, добро зачинете со сол и бибер.
  5. Украсете со листови маточина и послужете топло.

Добар апетит!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Полнет ананас со ориз и пилешко

Пудинг од ориз

Оризови нудли со зеленчук

Ориз на мексикански начин

Ориз со зеленчук и краби

Пилешка мучкалица со ориз

Брза диета според вашата градба на тело

Кое е омиленото чоколадо на секој хороскопски знак