Испробајте го рецептот за меки колачи кои заведуваат на првиот залак.
Состојки:
- 2 чаши шеќер
- 2 чаши вода
- 2 чаши брашно
- 1 кесичка сода бикарбона
- 1/2 кесичка цимет
- 1/2 чаша масло
- 6 лажици џем
- ореви или чоколадо
Начин на подготовка:
- Разматете ги сите состојки (шеќер, вода, брашно, цимет, сода, масло и џем). Најлесно ви е да ги мерите сите состојки со чаша од јогурт. Мерката е иста за сè.
- Намастете плех, па ставете ја смесата во плехот. Загрејте ја рерната и ставете го плехот. Печете околу половина час на 220 степени.
- Пред крајот на печењето, извадете го плехот и посипете го колачот со ореви или чоколадо, или премачкајте го со џем.
- Вратете го колачот во рерната, која претходно сте ја исклучиле. Оставете го внатре 5 минути, додека смесата не се соедини со преливот.
Уживајте!
Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините
Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега
Ќе ве врати во детството: Омилениот десерт на сите генерации
Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома