ВРЕМЕНСКА: Доаѓа нов студен бран

ВРЕМЕНСКА: Доаѓа нов студен бран

Времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност и слаб јужен ветер. Утринската температура ќе се движи од минус два до пет, а дневната од седум до 16 степени.Во Скопје слично време, сончево со умерена облачност, утринската температура ќе биде нула, а дневната ќе се искачи на 16 степени.

Во следните два дена ќе преовладува стабилно време со пораст на дневната температура на воздухот. Во среда се очекува брз продор на влажна и постудена воздушна маса од север, кој ќе предизвика локални врнежи од дожд, а на повисоките планини снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен, а попладне од северозападен правец. Дневната температура ќе опадне за неколку степени.

До крајот на неделата се очекува стабилно и потопло време.

Повеќе на Готви.мк:

Оставете ги децата да си играат во трева – Има евтин рецепт кој ги вади флеките

Чини само 1 денар – Рецепт со кој ќе ги освежите боите на алиштата

Ви смрдат патиките? Еве кои лекови ги предлагаат читателите

Кулинарски трик – Употребете ја оваа намирница и маслото нема да ви загорува при пржење

Едноставен трик со кој ќе ги избркате мувите од вашиот двор и балкон

ВИДЕО: Рецепт за органска маска за длабинска нега на оштетена коса