Зелениот бибер има јака арома и остар вкус, кој одлично се вклопува со мек и сочен бифтек.
Состојки:
- 350 гр бифтек
- 0,2 дл слатка павлака
- 30 гр зелен бибер
- 0,1 дл бело вино
- 10 гр путер
- сол
- малку сок од лимон
Начин на подготовка:
- Испечете го бифтекот на жар и оставете го на страна.
- На оган згответе бело вино со зелен бибер додека виното не испари, а биберот не омекне.
- Одвоено разматете путер со слатка павлака, додајте омекнат бибер, сол и сок од лимон.
- Бифтекот сервирајте со прилог по желба и прелијте го со сос.
Добар апетит!
Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо