Свинско филе полнето со спанаќ

Свинско филе полнето со спанаќ

Исклучителен изглед и извонреден вкус – идеално јадење за прилика кога треба да ја покажете кулинарската уметност.

Состојки:

  • 2 парчиња свинско филе (по 500 гр)
  • 300 гр спанаќ
  • 50 гр чадена сланина Пекабеско
  • 1 чешне лук
  • 1 главица кромид
  • 2 пиперки (црвена и жолта)
  • 50 гр рендано сирење
  • сол
  • бибер
  • мускатно оревче
  • 2 лажици масло
  • 250 мл суво бело вино
  • 4 поголеми моркови

Начин на подготовка:

  1. Спанаќот измијте го и сварете го. Испржете 50 гр сланина исечкана на коцки, па на таа маст продинстајте пиперка, кромид и лук (ситно сечкан). Додајте спанаќ и сè заедно кратко динстајте. Ставете сирење, посолете, побиберете и додајте мускатно оревче.
  2. Месото измијте го, исушете го и исечете го така да добие џеб. Посолете го од внатре и од надвор и наполнете го со смесата од спанаќ. Рерната загрејте ја на 180 степени.
  3. На масло пропржете го месото од двете страни, прелијте го со вино и ставете го во рерна. Околу месото наредете моркови исечени на дебели кругови. Печете околу 20 минути.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

Градинарска пита – направете вкусен фамилијарен ручек за помалку 150 денари

Едноставен појадок кој сите ќе ги воодушеви

Рецепт за вистински пица деликатес

Полнети печурки – лесен рецепт кој сите ќе ви го бараат

Палачинки за гурмани

singlepost_text