Свечени палачинки

Свечени палачинки

Омилениот десерт во свечено издание.

Состојки:

  • 7 белки
  • 1 лажица шеќер
  • 3 жолчки
  • 4 лажици брашно
  • 50 гр путер
  • путер за печење на палачинките
  • кристал шеќер за посипување
  • сладолед или слатка павлака
  • чоколаден прелив

Начин на подготовка:

  1. Разматете белки со шеќер, додајте жолчки една по една и на крај брашно.
  2. Растопете путер и полека додајте го во масата.
  3. Пред печење, во тавата ставете малку путер, додајте тесто за палачинки и печете.
  4. Кога долната страна е печена, од горе ставете малку путер и свртете ја палачинката. Кога е печена и од другата страна, посипете од горе со шеќер. Поклопете ја палачинката и ставете ја на тацна со топчиња сладолед и прелив од чоколадо.
  5. Совет: Наместо сладолед можете да ставите и разматена слатка павлака.

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки

ВИДЕО: Рецепт за органска маска за длабинска нега на оштетена коса

ВИДЕО: Направете шеќерна паста за депилација

10 „убијци“ на вишокот калории

Диетално: Домашни брускети со домати и маслиново масло (видео)