Сочен руски ручек: Меко печено јунешко

Сочен руски ручек: Меко печено јунешко

Ова фантастично јадење често било на трпезите на руските владетели, а кога ќе го пробате ќе сфатите зошто е толку посебно.

Состојки:

  • 1 кг јунешко месо
  • 200 гр свинска маст
  • 3 шолји вода
  • 5 зрна црн бибер
  • сол по вкус
  • 1 чешне лук
  • 2 листови ловор
  • 1 лажичка цимет
  • 1 лажица оцет
  • 1 лажица шеќер

Состојки за тесто:

  • 1 шолја вода
  • 2 шолји брашно

Начин на подготовка:

  1. Ставете шеќер, сол, оцет, црн бибер, цимет, ловор и лук во водата во која ќе го ставите парчето јунешко премачкано со свинска маст. Оставете го месото да отстои во оваа маринада 2-3 дена.
  2. Извадете го јунешкото од маринадата. Маринадата згответе ја и оставете ја да се излади.
  3. Измешајте ја водата и брашното како би добиле меко тесто и развлечете го до големина на сад за печење. Месото ставете го во сад за печење, прелијте го со маргарин и прекријте го со тесто.
  4. Ставете во рерна загреана на 200 степени и оставете да се пече 3 часа.

Повеќе ресепти на Готви.мк:

Брз појадок со туна салата

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути

Туна салата со фетучини

Туна салата

Брзо посно предјадење за целото семејство

singlepost_text