Вашиот омилен десерт збогатен со вкус на амарето.
Состојки:
- 500 мл млеко
- 1 лажица брашно
- 2 лажици шеќер во прав
- ванила
- 80 мл ликер од бадеми
- 100 гр ситно сечкано црно чоколадо
- 50 гр несолен путер
- 30 гр кекс од бадеми издробен на парчиња
Начин на подготовка:
- На тивок оган загрејте млеко во тенџере.
- Во посебен сад измешајте брашно, шеќер, ванила и мешајте додека не стане глатко, а потоа полека во тенџерето додавајте топло млеко малку по малку додека не стане глатко. Оставете на слаб оган 2-3 минути и мешајте константно да не загори.
- Додајте ликер од бадеми и мешајте додека смесата не згусне.
- Тргнете го тенџерето од шпорет и додајте чоколадо и путер и сè заедно измешајте.
- Сервирајте во стаклени чинии за десерт и посипете со издробен кекс од бадеми.
Уживајте!
ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече
ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече
За секоја прослава – Тигар торта
ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот
Вистинска уметност: Рецепт за солена торта