Меко и вкусно солено пециво (ВИДЕО)

Меко и вкусно солено пециво (ВИДЕО)

Брзо и лесно пециво за секоја прилика!

Состојки:

  • 20 гр квасец
  • 1 лажица шеќер
  • сол
  • 300 мл мелко
  • 3 јајца
  • 700 гр брашно
  • 50 мл масло
  • 200 гр сирење
  • малку масло

Начин на подготовка:

  1. Во сад издробете квасец, додајте малку топло млеко, лажица шеќер и 1 јајце, па тоа убаво измешајте го со жица. Потоа додајте го остатокот од млекото и половина од брашното. Додајте го и остатокот од брашното и замесете средно тврдо тесто.
  2. Покријте да нарасне, па развлечете го и сечете го на правоаголници. Сирењето издробете го, додајте јајце, измешајте и премачкајте го тестото. Секој правоаголник исечете го на ленти, а потоа виткајте ги во круг (погледнете го видеото).
  3. Тестото премачкајте го со јајце, посипете со семки и крупна сол. Печете на 200 степени 30 минути убаво да порумени. Послужете со јогурт.

Повеќе на Готви.мк:

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта