Кога сакате да се почастите со кинеска кујна, подгответе го ова вкусно јадење.
Состојки:
- 100 гр ориз
- сол
- 2 лути пиперчиња
- 300 гр свинско филе
- малку цимет
- 500 гр брокули
- 2 лажици масло од сусам (може и маслиново)
- 1 лажица сусам
- 400 гр шампињони
- 2 лажици соја сос
Начин на подготовка:
- Ставете го оризот да се зготви. За тоа време исчистете ги пиперчињата и исечете ги на тенки ленти. Месото исечете го на коцки, посолете го и зачинете го со цимет. Бокулите искинете ги на цветови.
- Загрејте масло во големо тенџере (не тефлонско), додајте пиперчиња и сусам. Ставете ги коцките месо и пржете мешајќи.
- Додајте исчистени и исечкани шампињони. Додајте брокули, малку вода и соја сос. Крчкајте околу 8 минути. Зачинете по желба со уште соја сос.
Добар апетит!