КРЦКАВО УЖИВАЊЕ: Кекси со бадеми од три состојки!

КРЦКАВО УЖИВАЊЕ: Кекси со бадеми од три состојки!

Домашните крцкави кекси со бадеми се вистинско уживање. Се подготвуваат многу лесно, а идеални се со кафе или чај.

Состојки:

  • 6 лажици шеќер
  • 1 јајце
  • 130 гр бадеми

Начин на подготовка:

  1. Бадемите сомелете ги во брашно (неколку бадеми сомелете крупно), па измешајте ги со шеќер.
  2. Јајцето разматете го пенасто (прво жолчката, па белката) и додајте му бадем и шеќер. Измешајте додека смесата не се соедини.
  3. На хартија за печење со лажица ставајте од смесата. Печете околу 20 минути на 200 степени.
  4. Послужете и уживајте!

Поврзани вести на Gotvi.mk:

Конечно: Највкусниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет – колач без печење, совршен за горештините

Торта „Мрзлива домаќинка” – смешно име, одличен вкус

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Ледено уживање – Брз десерт во чаша

 

singlepost_text