Супер вести за времето – денеска пролет

Супер вести за времето – денеска пролет

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. По одделни котлини и по речните долини ќе има услови за појава на магла, особено во утринските часови.Утринската температура ќе се движи од минус пет до еден, а дневната од 13 до 17 степени.

Во Скопје сончево со појава на слаба магла во утринските часови.

Утринската температура ќе се спушти до минус три, а дневната ќе се искачи до 15 степени.

До петок времето ќе биде стабилно и суво со пораст на дневната температура, а по одделни котлини ќе има појава на слаба магла. В петок кон крајот на денот и в сабота се очекува преку нашево подрачје да помине краток и релативно влажен бран. Ќе има зголемување на облачноста и повремени врнежи од дожд, на планините во северозападниот дел од земјава ќе има врнежи од снег. Потоа се очекува повторно стабилизирање и затоплување на временската состојба кај нас.

Повеќе на Готви.мк:

Зошто не смеете да запалите цигара веднаш по јадењето?

10 „убијци“ на вишокот калории

Диетално: Домашни брускети со домати и маслиново масло (видео)

Диетален појадок што ќе ве држи сити

Рецепт за облоги од ѓумбир кои го топат салото на стомакот

ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки

Како да ослабете според хороскопскиот знак?

Хороскопските знаци и храната – што треба да јадете, а која храна да ја избегнувате

Кое е омиленото јадење на принцот Чарлс?

ФОТО: Ѕирнете во Eqvita – ресторанот за здрава храна на Новак Ѓоковиќ