Комбинацијата од тесто и фил е совршена, така што кога ќе ја пробате ќе ја правите постојано!
Состојки за тесто:
- 400 гр брашно
- 60 гр шеќер
- 180 мл кисела павлака
- 2 жолчки
- 1 прашок за пециво
- кора од лимон
- 200 гр маргарин или путер
Состојки за фил:
- 300 гр мелени ореви
- 1 ванилин шеќер
- 200 гр шеќер
- 2 белки
- 1 дл топло млеко
- 50 гр маргарин за премачкување
Начин на подготовка:
- Со раце изгмечете или разматете со миксер маргарин, жолчки, шеќер, павлака.
- Додајте брашно, рендана кора од лимон и прашок за пециво. Неколку пати премесете со раце да се формира тесто. Оставете го прекриено да одмара околу 30 минути во фрижидер.
- За тоа време сомелете ореви, па додајте им шеќер, ванилин шеќер, измешајте и оставете да се излади.
- Разматете снег од белки и соединете со оревите.
- Тестото поделете го на три дела, секој дел развлечете го, премачкајте го со фил и свиткајте.
- Вклучете ја рерната на 200 степени, за тоа време штрудлите нека одмараат. Избоцкајте ја со чепкалка секоја штрудла, премачкајте ги со маргарин и печете ги додека не поруменат. Од прилика ќе бидат готови за 35 минути.
Мајката на Јелена Крлеуша: Еве како конечно ја победив зависноста од храна!
Адријана Лима открива: Рецепт за утринско смути и совети за диета
Ким Кардашијан откри како ослабе 15 килограми за 2 месеци
Цеца со нов албум, а ние ви откриваме што јаде за да има таква линија
Кои се омилените јадења и пијалоци на Енрике Иглесијас?
ВИДЕО: Рецепт за органска маска за длабинска нега на оштетена коса