Пилешко со топено сирење и печурки

Пилешко со топено сирење и печурки

Комбинацијата од месо, шампињони и топено сирење никого нема да остави рамнодушен.

Состојки:

  • 4 парчиња бело месо
  • 4 лажици маст или маслиново масло
  • сол
  • бибер
  • 2 главици кромид
  • 200 гр шампињнони
  • топено сирење
  • 1 лажичка мајчина душица

Начин на подготовка:

  1. Месото измијте го и исушете го. Загрејте маст и пржете го месото од секоја страна по 2 минути. Извадете го од тава, посолете и побиберете. Свиткајте го во алу фолија и ставете  го на околу 80 степени во рерна.
  2. Кромидот исечете го на кругови. Шампињоните исечкајте ги на четвртини. Сè испржете на маста од месото (околу 5 минути). Ставете ја масата на месото, а топеното сирење пресечете го на два дела и ставете го на врв. Посипете со мајчина душица и ставете во рерна сирењето да се растопи (околу 2 минути).

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

Зеленчукова супа

Крем супа од моркови

Телешка супа со куркума и брокула

Мисиркина супа со јајце

Пролетна супа

Јагнешка чорба по традиционален рецепт

Крем чорба од тиква и компири

Дамки од црвено вино на тепихот? Исчистете ги за миг

Направете природен освежувач за воздух – Потребни ви се само 2 работи

Царот на овошните сокови: Зошто треба да пиете сок од јаболка?

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот