“Снегулка” – бела торта која ги освои сите

“Снегулка” – бела торта која ги освои сите

Направете бела торта чие име совршено се вклопува со зимските ладни денови. Снегулка се прави брзо и лесно и никого нема да остави рамнодушен.

 

Состојки:

  • 5 белки
  • 5 лажици шеќер
  • 5 лажици брашно
  • ½ прашок за пецивоФИЛ 
  • 500 мл млеко
  • 5 јајца
  • 100 гр шеќер
  • 1 ванилин шеќер
  • 50 гр чоколадо за готвење
  • 200 гр бисквити
  • 300 мл слатка павлака
  • 1 кесе желатин

Подготовка:

  1. Се матат белките со шеќерот, се додава брашното и прашокот за пециво. Смесата се става во калап со хартија, па се пече на 200 степени 30 минути. Се варат 100 мл млеко и ванилин шеќер, па бисквитот го одвојуваме од хартијата и го посипуваме.
  2. 400 мл млеко оставаме да се вари, а во меѓувреме се матат жолчките и шеќерот, па се прелеваат со врелото млеко. Се враќа на рингла, па се меша. Се става и желатинот и се трга од оган, па се мати одделно павлаката и се соединува со кремот.
  3. Чоколадото и кексите се дробат, се додаваат во кремот, па се се соединува.
  4. Се става бисквит, па крем, па се се остава во ладилник.
  5. Целата торта потоа се мачка со шлаг.

Повеќе на Готви.мк:

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки

Кинеска кујна: Како да зготвите брокула со пилешко

Рецепт за облоги од ѓумбир кои го топат салото на стомакот

10 „убијци“ на вишокот калории

Ако појадувате ќе ослабете и ќе го забрзате метаболизмот – Еве како

Како да ослабете според хороскопскиот знак?

Хороскопските знаци и храната – што треба да јадете, а која храна да ја избегнувате

 

singlepost_text