Сочна овошна торта која не се пече (ВИДЕО)

Сочна овошна торта која не се пече (ВИДЕО)

Едноставна за подготовка, а вкусот е фантастичен!Сакате да се засладите со вкусна торта, а немате време за печење кори и матење филови? Тогаш, овој рецепт е идеален за вас!

Состојки:

  • 2 пудинга од ванила
  • 1/2 л млеко за пудинг
  • 300 гр шлаг
  • 125 гр путер
  • 1 кисела павлака
  • 300 мл млеко за пишкоти
  • 200 гр киви или друго овошје по избор
  • 300 гр пишкоти
  • 100 гр шеќер
  • 200 гр чоколаден кекс
  • 2 кесички ванилин шеќер
  • 100 гр шеќер во прав

Начин на подготовка:

  1. Во млекото (со 3-4 лажици шеќер) згответе пудинг, па изладете. Путерот измешајте го со шеќер во прав, па во него додајте го и изладениот пудинг и со миксер изедначете во убав крем. Шлагот разматете го, па во него додајте павлака, па сè изедначете.
  2. Млекото (300 мл) подгрејте го, па во плех од страна редете пишкоти натопени во млеко, а потоа и на дното. Преку пишкотите премачкајте половина од кремот од пудинг. Потоа редете натопен чоколаден кекс. Преку него ставете половина од шлагот, па овошјето, па преку остатокот од кремот со пудинг и на крај шлаг.
  3. Преку шлагот можете да наредите овошје и да ја украсите тортата по желба.

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки

Супер брз и вкусен домашен сос за хамбургер или пилешко

Чајот од шипка како лек

БРЗО И ЕВТИНО: Отстранете ги непријатните флеки од пот на вашите алишта

Корисен совет: Како да ги освежите и исчистите сунѓерите и џогерот

Дамки од црвено вино на тепихот? Исчистете ги за миг

Направете природен освежувач за воздух – Потребни ви се само 2 работи

 

singlepost_text