Крцкави компири од тава со лук и магдонос

Крцкави компири од тава со лук и магдонос

Кога еднаш ќе ги пробате, ќе ги подготвувате на овој начин постојано!

Ова е шпански традиционален рецепт за двојна термичка обработка на компири.

Состојки:

  • 1,5 кг компири
  • 70 гр свеж магдонос
  • 2 чешниња лук
  • 70 мл маслиново масло
  • 2 лажици путер
  • 1 лимон
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Излупете ги и исчистете ги компирите, па исечете ги на коцки со еднаква големина. Ставете ги да се готват во голем лонец со студена вода. Добро послете ја водата и на умерено висока температура оставете да зоврие. Гответе околу 20 до 25 минути, додека не омекнат.
  2. Во мал сад измешајте сечкан магдонос и лук.
  3. Процедете ја водата од компирите и добро исушете ги.
  4. Во голема тава загрејте маслиново масло, па додајте компири и повремено протресувајте. Компирите печете ги околу пет минути додека кората не стане златно кафеава и крцкава.
  5. Во компирите додајте комбинација од лук и магдонос, добро измешајте и оставете ги компирите да се ароматизираат една до две минути. Потоа додајте путер, посолете и пибиберете по желба.
  6. Кога компирите ќе бидат готови, преку нив изрендајте кора од еден лимон. Употребете непрскан и органски одгледан лимон.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

Како да ослабете според хороскопскиот знак?

Хороскопските знаци и храната – што треба да јадете, а која храна да ја избегнувате

Кое е омиленото јадење на принцот Чарлс?

Добра идеја – Фотографирајте храна на Instagram и бесплатно јадете каде сакате

ФОТО: Ѕирнете во Eqvita – ресторанот за здрава храна на Новак Ѓоковиќ

ВИДЕО: Драјв маркет – погледнете како ќе изгледа маркетот на иднината