Запечен компир со јајца: Ручек за цело семејство готов за миг!

Запечен компир со јајца: Ручек за цело семејство готов за миг!

Доколку немате идеја за следниот ручек, наш предлог е запечен компир со јајца. Најдобро од се е што се подготвува лесно и брзо, а состојките сигурно веќе ги имате во кујна.

Состојки:

  • 4 поголеми компири
  • 2 главици кромид
  • 2 чаши вода
  • 2 дл масло
  • малку сув зачин
  • сол
  • бибер

Состојки за прелив:

  • 3 јајца
  • 4 лажици брашно
  • 4-5 лажици масло
  • сув зачин
  • бибер
  • вода
  • 100 гр кашкавал (по желба)

Начин на подготовка:

  1. Во огноотпорен сад ставете сечкан кромид, па додајте компири сечкани на листови, зачини и масло и сè измешајте со раце. Потоа налијте вода, па ставете во рерна на 250 степени да се испече.
  2. Потоа разматете прелив од јајца, масло, зачини и брашно и сè прелијте преку испечените компири. Вратете го садот во рерна да се запече.
  3. На жешките компири можете да изрендате и малку кашкавал.

Добар апетит!

Повеќе ресепти на Готви.мк:

Брз појадок со туна салата

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути

Туна салата со фетучини

Туна салата

Брзо посно предјадење за целото семејство

singlepost_text