Ви препорачуваме да го направите ова јадење, кое сигурно ќе им се допадне и на најмладите.
Состојки:
- 1 конзерва туна
- половина багет
- 1 пиперка
- 1 главица кромид
- 4 лажици доматно пире
- 150 гр варена пченка
- малку рендан кашкавал
- сол
Начин на подготовка:
- Загрејте ја рерната на 200 степени. Пресечете го багетот по должина. Премачкајте го со доматен сос.
- Во чинија соединете сечкан кромид, пиперка, туна, пченка и посолете. Распоредете ја оваа смеса по багетот, посипете со рендан кашкавал.
- Ставете го багетот во рерна и печете десетина минути додека кашкавалот не се растопи.
Специјалитет на денот: Пита со мелено месо
Лесковачка урнебес салата – одлична промена во кујната
Печени тиквички со пилешко и зеленчук
Проверете кога имате автобус до „Македонско село“ – ЈСП со нова автобуска линија
Автентични куќи, хотел, ресторани… Отворен комплексот „Македонско село“
ЕКСКЛУЗИВНО ФОТО: Ѕирнете во внатрешноста на комплексот „Македонско село“