Пилешко ќофте кое се подготвува за миг!

Пилешко ќофте кое се подготвува за миг!

Овие ќофтиња можете да ги подготвите брзо и лесно, а одлични се со шпагети и доматен сос.

Состојки:

  • 1/2 кг бело пилешко месо
  • 1 главица кромид
  • 2 чешниња лук
  • малку магдонос
  • 2 компири
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Исечкајте го ситно вареното бело месо, кромидот и лукот и изрендајте варен компир. Добро измешајте.
  2. Оваа смеса посолете ја и побиберете ја и додајте сечкан магдонос.
  3. Обликувајте топчиња или мини плескавици.
  4. Во претходно загреана рерна, во тепсија на која сте ставиле хартија за печење, наредете ги мини плескавиците.
  5. Печете додека не поруменат околу 15 минути на 180 степени.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

Супер брз и вкусен домашен сос за хамбургер или пилешко

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки

Кинеска кујна: Како да зготвите брокула со пилешко

Шарена тава со зеленчук и пилешко

Пилешко во кари сос

Пилешко со паста и песто сос

Одличен рецепт – Потпечено мешано месо со печурки