МОНТЕ КОЦКИ: Богат и кремаст колач за секоја прилика!

МОНТЕ КОЦКИ: Богат и кремаст колач за секоја прилика!

Ако трагате по нови и проверени рецепти, ова е вистинското место за вас. Ви донесуваме едноставен рецепт за вкусни монте коцки!

Состојки за кора:

  • 4 јајца
  • 4 лажици брашно
  • 4 лажици топла вода
  • 4 лажици шеќер
  • 2 лажици какао
  • 1 прашок за пециво
  • 100 мл чоколадно млеко за заливање на корите

Состојки за бел фил:

  • 1 л млеко
  • 6 лажици шеќер
  • 8 лажици густин
  • 200 гр путер

Состојки за темен фил:

  • 500 мл слатка павлака
  • 200 гр црно чоколадо
  • 200 гр еурокрем

Начин на подготовка:

  1. Раздвојте ги жолчките од белките, па разматете ги посебно белките со прстофат сол. Во жолчките додајте шеќер па матете пенасто, потоа додајте вода, па брашно и какао со прашок за пециво. Кога сè ќе разматите, додајте ја смесата со разматени белки.
  2. Печете на 200 степени околу половина час. Потоа благо изладениот колач залијте го со 100 мл млако чоколадно млеко.
  3. За белиот фил, згответе млеко, па додајте шеќер и густин. Кога смесата ќе зоврие и згусне оставете ја да се излади, па потоа додајте путер.
  4. За темниот фил, загрејте слатка павлака и таман кога ќе биде спремна да зоврие, тргнете ја од рингла и додајте чоколадо за готвење. Кога ќе се растопи додајте и еурокрем. Добро измешајте па оставете да се излади.
  5. Редете го колачот така што прво ќе ја ставите кората, па белиот фил, па темниот фил.

Уживајте!

Прочитај повеќе на Gotvi.mk:

Нема веќе стоење до шпорет – Колач без печење, совршен за горештините

Чоколадно чудо: Брз и вкусен колач со едно јајце

Најбрзиот колач на светот: Измешајте брашно и сладолед и ќе добиете колач за 5 минути

ВИДЕО: Трикови за печење колачиња кои ќе ги пробате веднаш

Овошен колач со јагоди

Колач со печени јаболка

 

 

 

 

 

 

singlepost_text