Урнебес салата

Урнебес салата

Неизоставна салата на вистинските гурмански гозби!

Состојки:

  • 500 гр полномасно овчо или кравјо сирење
  • 10 печени пиперки
  • 5 печени лути пиперчиња
  • 6-7 чешниња лук
  • 1 лажица кајмак
  • 1 лажица пипер
  • 3 варени жолчки
  • малку масло
  • сол

Начин на подготовка:

  1. Во поголема чинија ставете сирење и добро изгмечете го.
  2. Печените пиперки и лутите пиперчиња излупете ги и исчистете ги од семки. Ситно исечкајте ги и додајте ги во изгмеченото сирење.
  3. Лукот ситно исечкајте го или изгмечете го па и него додајте во сирењето и пиперките.
  4. Варените жолчки изгмечете ги. Додајте во пиперките кајмак и жолчки па добро измешајте.
  5. Кога масата ќе се изедначи, додајте мелен пипер и малку масло па повторно измешајте.
  6. Урнебес салатата треба да отстои во фрижидер неколку часа пред служење.

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Рецепт за органска маска за длабинска нега на оштетена коса

10 „убијци“ на вишокот калории

Диетален појадок што ќе ве држи сити

Кулинарски трик – Употребете ја оваа намирница и маслото нема да ви загорува при пржење

Едноставен трик со кој ќе ги избркате мувите од вашиот двор и балкон

singlepost_text