За овој колач не ви е потребна вага, ниту пак многу време. За гостите, за децата кога ќе посакаат нешто слатко, за вас кога едноставно сакате да уживате во кафе и десерт – овој колач е едноставно неодолив!
Состојки за кора:
- 3 шолји јогурт
- 3 шолји шеќер
- 3 шолји брашно
- 1 шолја масло
- 3 лажици како
- малку сода бикарбона
Состојки за прелив:
- 7 лажици шеќер
- 15 лажици млеко
- 3 лажици какао
- половина маргарин
Начин на подготовка:
- Добро измешајте ги сите состојки за кора. Ставете ги во четвртаст плех, печете околу 30 минути на 200 степени во претходно загреана рерна.
- Соединете ги сите состојки за прелив и гответе на умерен оган додека сите состојки не се соединат.
- Колачот исечете го на коцки. Прелијте со прелив и уживајте!
Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома
Супер рецепт: Леден кафе колач
Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините
Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега