Одличен ручек кој брзо и лесно се подготвува.
Состојки:
- 1/2 кг пилешко бело месо
- 2 моркови
- 1 главица кромид
- 2 чешниња лук
- 300 гр печурки
- 1 чаша доматен сок
- сол
- бибер
- масло
Начин на подготовка:
- Исечкајте го кромидот и морковите. Пропржете ги на масло.
- Додајте месо исечкано на коцки и сечкани печурки.
- Оставете да крчка на умерен оган 30 минути и по потреба додајте малку вода.
- Налијте со сок од домати, посолете и побиберете и оставете да се готви уште десетина минути.
- Послужете со компир пире или тестенини.
Добар апетит!
Градинарска пита – направете вкусен фамилијарен ручек за помалку 150 денари
Едноставен појадок кој сите ќе ги воодушеви
Рецепт за вистински пица деликатес
Летен појадок кој ќе го правите секој ден
Полнети печурки – лесен рецепт кој сите ќе ви го бараат