Феноменален вкус, прсти да излижеш!
Состојки:
- 300-400 гр брашно
- 10 гр свеж квасец (1 кесичка сув)
- 200 мл млако млеко
- 200 гр паризер
- 100 гр кашкавал
- 100 гр тврдо кравјо сирење
- кечап
- оригано
- сусам по желба
Начин на подготовка:
- Во вангла потопете квасец и додајте една лажичка шеќер и малку млеко. Тоа разматете го, па додајте го останатото млеко, брашно и сол. Замесете средно тврдо тесто. Оставете го 15 минути малку да нарасне. Размесете и развлечете го тестото.
- Тестото пресечете го на 6 агли по средината.
- Тестото прво премачкајте го со кечап, а потоа распоредете паризер, рендано сирење, како и рендан кашкавал. Посипете со оригано.
- Аглите префрлете ги преку тестото (како на видеото).
- Пицата премачкајте ја со масло и посипете ја со сусам. Печете на 200 степени околу 15-20 минути.
Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса
Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата
ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот
Најдобар рецепт за домашен чизкејк тука
Вистинска уметност: Рецепт за солена торта тука
Повеќе рецепти за десерти тука
Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула
Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки